Во соопштението објавено на социјалните мрежи, ЕУ потенцира дека со постојан напор за усвојување и спроведување на потребните реформи преку транспарентни и инклузивни процеси, Албанија може да постигне оваа амбициозна цел. „Со нетрпение очекуваме да соработуваме со сите засегнати страни во Албанија за да го постигнеме овој историски момент во корист на албанските граѓани“, се наведува во соопштението.
По повод четвртиот мандат на Рама, честитка му упати и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Честитки Еди Рама за вашиот реизбор за премиер на Албанија. Со нетрпение очекувам да го продолжиме нашиот одличен дијалог и да работиме заедно за да постигнеме траен мир и безбедност за цела Европа“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Тој му посака и „успех во реализацијата на амбициозните планови за Албанија и нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ“.
Извор: Frontline