Делчевчани изразија почит кон загинатите во несреќата во Кочани

Граѓаните на Делчево вечерва се солидаризираа со настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со палење свеќи во Градскиот парк, тие ја изразија својата почит кон загинатите во Кочани, а воедно упатија молитви кон повредените посакувајки им поскоро оздравување. 

Во Делчево во текот на вчерашниот ден беше отворена и Книга на жалост во црквата Св. Кирил и Методиј, а од страна на свештенството беа отслужени mолитви за покојните и потоа молитви за повредените за нивно побрзо опоравување.


Сочувство до загинатите од несреќата во Кочани претходно изразија и жителите на Берово и Пехчево.

Во Македонска Каменица граѓаните оддадоа почит кон својата сограѓанка Кети Милковска како и останатите кои ги загубија животитите во катастрофалната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни