Дела од турски ликовни уметници утре на изложба во Кавадарци  

Дела од турски ликовни уметници утре ќе бидат изложени на изложба во Кавадарци, информираа попладнево од Домот на културата „Иван Мазов – Климе”.  

– Во 19:30 часот, во галеријата при Домот на културата, ќе биде отворено третото издание на изложбата „Уметноста е мост за поврзување на народите“, на која со сегашните 34 учесници – познати ликовни уметници од Турција, се заокружува циклусот „100 години од основањето на Република Турција – 100 турски сликари во Македонија“. Изложбата е во организација на Дом на култура  во соработка со турските ликовни уметници. Куратори на изложбата се Ајнур Махмудова Каплан и Марина Убавкова, соопштија од Домот на културата. 

Оттаму најавија дека ликовните уметници од Турција и самите ќе присуствуваат на изложбата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни