Дел од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров денеска без вода поради дефект

Според информациите од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од општина Сарај, како и во високата зона на населбата Ѓорче Петров.

Прекинот е предизвикан од дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на улица 20 во населбата Сарај. Од претпријатието информираат дека од 07:30 часот па сè до целосно санирање на дефектот, без вода ќе бидат корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај.

 Истовремено, прекин во водоснабдувањето ќе има и во високата зона во Ѓорче Петров, односно на повисоките катови од зградите.

Од „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните да бидат трпеливи и да ги следат официјалните информации за тоа кога снабдувањето со вода ќе биде нормализирано.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни