Дел од Карпош денеска без вода

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска, поради замена на три затворачи на улицата Франклин Рузвелт бр. 37, ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од oпштина Карпош.

Без вода ќе останат корисниците на улиците Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, како и домот „Здравко Цветковски“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па сè до завршување на работните активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни