Дел од глечер се урна – делумно уништено швајцарско село

Селото Блатен во Швајцарија е делумно уништено откако дел од глечер се урна во долината, пренесува BBC. Една личност се води како исчезната, а голем број куќи се срамнети со земја.

Селото било евакуирано пред неколку дена поради стравување од можен распад на глечерот. И покрај мерките на претпазливост, урнувањето сепак предизвикало голема материјална штета.

Локалните власти побарале поддршка од швајцарската војска за справување со вонредната состојба и продолжуваат потрагата по исчезнатата личност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни