Од денес, Германците постари од 18 години ќе можат да носат со себе 25 грама сушена марихуана и да одгледуваат до три стебла од билката во нивните домови.
По неколкунеделна вжештена дебата за и против декриминализација на марихуаната, се изгласаа нови закони со кои се дозволува поседување и ограничено производство на марихуана за лична употреба.
Со ова, властите очекуваат дека драстично ќе се намали црниот пазар за марихуана и ќе се намали оптекот на контаминирана марихуана чие потекло и загаденост со хемикалии, најчесто, не се знаат.
За помладите од 18 години, употребата на марихуана ќе продолжи да биде забранета, а исто така ќе има забрана за користење на марихуана на растојание помало до 100 метри од градинки, училишта, игралишта и спортски центри.