Португалија официјално ја признава Палестина

Португалија им се придружува на земјите кои веќе ја признаа независноста на Палестина

Португалија официјално ќе ја признае палестинската држава во недела, објави португалското Министерство за надворешни работи.

„Министерството за надворешни работи потврдува дека Португалија ќе ја признае Државата Палестина… официјалната декларација за признавање ќе биде дадена во недела, 21 септември“, стои во соопштението на министерството.

Португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел изјави претходно оваа недела дека земјата размислува за признавање на палестинска држава, објави Ројтерс.

Генералното собрание на Обединетите нации го одобри де факто признавањето на суверената држава Палестина во ноември 2012 година, кога нејзиниот статус на набљудувач во светската организација беше надграден од „ентитет“ на „држава нечленка“.

Примерот на Португалија се очекува да го следат уште десетина земји на Генералното собрание на ОН.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни