Дејвид Бекам беше прогласен за витез, но сите гледаа во Викторија Бекам

Дејвид Бекам стана витез, но Викторија Бекам го привлече целото внимание со својата прекрасна комбинација.

Поранешниот англиски фудбалски ас Дејвид Бекам официјално беше прогласен за витез на спектакуларна церемонија одржана во замокот Виндзор, крунисувајќи ја неговата извонредна кариера во спортот и филантропијата. Иако придонесот на Бекам во фудбалот, со 25 освоени трофеи, 115 настапи за репрезентацијата на Англија и безброј незаборавни голови, беше централна тема на настанот, Викторија Бекам сепак успеа да го засени својот сопруг со беспрекорна комбинација.

Дејвид Бекам пристигна на церемонијата облечен во утринско одело (анг. morning suit – највисоката облека на скалата на формалност веднаш до фракот), специјално скроен под будното око на неговата сопруга, заедно со неа и неговите родители. Додека чекаше кралот Чарлс III да му додели едно од најпрестижните одликувања во Велика Британија, вниманието на медиумите и публиката беше насочено кон модната икона до него.

Викторија Бекам блескаше во долга темно сина фустан што елегантно паѓаше до глуждовите, откривајќи ги нејзините голи раце и нагласувајќи ја нејзината префинета фигура.

Нејзиниот избор на додатоци беше монохроматски и минималистички, но ефективен: заедно со темните потпетици што ја издолжуваа нејзината силуета, единственото парче накит беше дискретен златен часовник на зглобот. Целиот изглед го комплетираше со темно сина чанта и фасцинатор, традиционален британски додаток за глава, кој додаде допир на кралска софистицираност. Нема сомнение дека Викторија, како дизајнер, го истакна своето извонредно чувство за стил, овој пат создавајќи фустан што ги засени сите.

Присуството на семејството на Дејвид на церемонијата послужи како потсетник за цврстата поддршка што ја имал во текот на целиот свој живот, од скромни почетоци до глобална слава. Сепак, тешко е да се негира дека изгледот на Викторија доминираше на сцената, претворајќи го настанот во вистински моден спектакл.

Поради комплицираниот однос со неговиот син Бруклин Бекам, прашање е дали ќе му честита на својот татко за ова големо признание и титула што му ја додели кралот Чарлс III.

Дејвид Бекам, добивајќи ја титулата витез, го зазеде своето место меѓу легендите на модерниот фудбал, а неговите постапки во хуманитарни цели дополнително ја потврдија оправданоста на ова признание. Сепак, како што често се случува со славните парови, дури и на врвот на нивните кариери, дел од славата секогаш им припаѓа на оние што стојат покрај нив, особено кога изгледаат апсолутно божествено.

Отсега, Дејвид Бекам ќе се нарекува Сер Дејвид Бекам. Викторија исто така ќе добие титула и официјално ќе биде позната како Лејди Викторија Бекам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни