DeepSeek го надминува ChatGPT?

Кинескиот старт-ап DeepSeek „дигна прашина“ ширум светот со моделот со отворен код за вештачка интелигенција (AI) DeepSeek-R1 и вртоглавиот успех на неговата апликација за вештачка интелигенција во САД, каде аналитичарите објаснуваат дека пронашле нов рентабилен развојно решение, пишува кинескиот дневен весник Глобал тајмс.

На почетокот на јануари, кинеската компанија пред јавноста го претстави моделот со отворен код за вештачка интелигенција DeepSeek-R1, кој „користејќи чисти методи за длабоко учење“ овозможува „спонтано“ спојување на вештачката интелигенција со логично расудување, пишува кинескиот весник.

„Додека глобалната заедница за вештачка интелигенција се фокусираше на зголемување на компјутерската моќ, Кина беше првата што употреби нов метод заснован на оптимизација на алгоритам, отворајќи нов пристап кој е рентабилен и ефикасен“, рече аналитичарот за трендови во телекомуникациската индустрија Ма Џихуа за Глобал тајмс.

Кинеската компанија објави дека потрошила нешто помалку од шест милиони долари за развој на DeepSeek-R1.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека технологијата на кинески старт-ап треба да биде поттик за американските компании и дека е добро што компаниите во Кина излегоа со поевтин, побрз метод на вештачка интелигенција.

Неочекуваниот успех на кинеската компанија му нанесе тежок удар на американскиот производител на чипови Nvidia, чии акции во понеделникот потонаа за дури 17 отсто, намалувајќи ја пазарната капитализација на компанијата за 593 милијарди долари. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни