Deep Purple со последен концерт во Скопје на 11 октомври 2026

Легендарниот британски рок-бенд Deep Purple ќе настапи во Скопје како дел од својата планетарна проштална турнеја, на 11 октомври 2026 година во Арена „Борис Трајковски“.

Организаторите најавуваат дека ова ќе биде последна можност македонската публика да ги види хероите на хард-рокот во живо, во рамки на турнејата со која бендот официјално се простува од светските сцени.

Deep Purple зад себе имаат милионски тиражи, антологиски албуми и илјадници концерти низ светот, а нивниот музички каталог содржи хитови што ги обединуваат сите генерации. Публиката во Скопје ќе може да ги слушне класиците како „Hush“, „Highway Star“, „Smoke on the Water“, „Lazy“, „When a Blind Man Cries“, „Black Night“, како и композиции што ретко се изведуваат на нивните денешни концерти.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 21 ноември, од 10 часот наутро, преку avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk. Деталите за цените и категориите ќе бидат објавени ден претходно, во среда во 20 часот, на официјалните платформи на организаторот.

Од продукциски аспект, турнејата ќе биде реализирана со целосната сценографија на бендот – моќен звук, светло и видео-продукција, идентична на онаа што ќе ја добијат сите светски метрополи.

Скопје се подготвува за незаборавна вечер и последна средба со еден од највлијателните рок-бендови на сите времиња – Deep Purple, на 11 октомври 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни