„Дедпул и Волверин“ заработи 205 милиони долари во САД и Канада во првиот викенд од прикажувањето

Фото: Marvel Studios

Филмот „Дедпул и Волверин“ е вистински хит во кината со заработка од 205 милиони долари во САД и Канада за викендот, најголем прв викенд оваа година, објавија од Волт Дизни.

Комичната кација со Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен го сруши овогодинешниот рекорд на „Inside Out 2“, кој заработи 153,2 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во јуни.

„Дедпул и Волверин“ е првиот филм рангиран за возрасни од Марвел и Дизни и е полн со експлицитни шеги, пцуење и насилство.

Филмот започнува да се прикажува и низ светот минатата среда и заработи дополнителни 233,3 милиони долари надвор од САД и Канада.

Извор: Ројтерс

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни