Дедо Мразовци на мотори во Куманово

Мотоклуб „Мечки“ Куманово денеска по 17-ти пат пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ја организираше манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“. Моторџии од Куманово и од другите градови од државата поделија слатки и пакетчиња за најмладите кои имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз на мотор и да уживаат во оваа манифестација која е една од најпосетуваните во претпразничниот период.

-Драго ни е што годинава имаме и аниматори, ученици од „Кочо Рацин“ кои ја збогатија програмата. Поделивме донации стандардно за децата и лица со попреченост за трите центри кои функционираат во градот и секако пакетчиња за најмалите, изјави Игор Тимчевски од Мотоклуб „Мечки“.

Изминативе години, кумановскиот мотоклуб заедно со нивните пријатели моторџии од Европа донираше медицинска опрема и материјали за Кумановската болница и за Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

Најмладите кумановци добија подароци и уживаа во звуците на моторите при прошетка низ кумановските улици. 

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни