Најмладите, но и сите возрасни коишто веруваат во Дедо Мраз, годинава ќе имаат уникатна можност да ја проследат оваа претстава која го следи гдоаѓањето на Дедо Мраз во Скопје, со вистински воз, на перонот бр.1 на скопската железничка станица.
Претставата ги следи патешествијата со коишто се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје. Поради голем дефект предизвикан од глобалното затоплување, неговото доаѓање е неизвесно и му треба помош од децата, т.е. од посетителите.
Претставата, освен забавниот, има и едукативен карактер. Посетителите низ забавни и интерактивни актерски креации, ќе можат да ја посетат и музејската поставка на македонски железници.
Организатори на настанот се Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со Јавните претпријатија: Македонски железници А.Д. Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура.
Билети за претставата се останати само за изведбите закажани за 26, 28 и 29 декември 2024 со почеток од 19:00 часот и истите може да се купат на билетарницата на Железничка станица – Скопје.