Запознавајќи се со работата на новинарите и уредниците, учениците имаа можност да дознаат како изгледа еден ден во редакцијата, што сè е потребно за да се создаде квалитетна новинарска содржина, но и како медиумите се справуваат со лажните вести. Најголем впечаток им остави фактот дека работниот ден на еден новинар никогаш не завршува – секогаш има уште една приказна што чека да биде раскажана.
Посетата беше дел од проектот „Лице в лице дурбин – медиумски активизам преку креирање приказни кои прават промена“, кој се реализира во рамки на регионалната програма „Нашите медиуми“ со финансиска поддршка од Европската унија.