Проблематичното користење на социјалните медиуми се зголемило од 7% во 2018 година на 11% во 2022 година, со забележителни родови разлики, покажува студијата на СЗО за здравственото однесување на децата на училишна возраст во дигиталниот свет, објавена денес.
Истражувањето се темели на наодите од 2021/2022 година и открива значајни трендови кај адолесцентите во користењето на социјалните медиуми и во играњето дигитални игри (гејминг) во 44 земји и региони.
Според извештајот, дури 68% од адолесцентите се занимаваат со гејминг, а 12% се изложени на ризик од проблематично играње дигитални игри.
Овие трендови ја нагласуваат итната потреба од насочени политики за промовирање на здраво дигитално однесување, регулирање на пристапот и обезбедување поддршка за младите, порачуваат од СЗО.