Деца од само 12 години се радикализираат во Европа, предупредува координаторот за антитероризам на ЕУ

Во извештајот за 2025 година се наведува дека од 449 уапсени лица за терористички дела во 2024 година, речиси третина (133 лица) биле на возраст меѓу 12 и 20 години. Најмладиот уапсен имал само 12 години и бил обвинет за планирање напад.

Европската унија се соочува со растечки проблем на радикализација кај младите, при што дури и деца од 12 години се цел на онлајн регрутација, предупреди координаторот за борба против тероризмот на ЕУ Бартјан Вегтер во интервју за Euronews.

Според него, европските безбедносни служби сè почесто се занимаваат со случаи во кои се вклучени малолетници на возраст од 12 до 20 години.

„Радикализацијата кај младите може да се случи многу брзо – понекогаш за само неколку недели“, изјави Вегтер.

Радикализација преку интернет

Тој објасни дека младите се особено ранливи и често се таргетираат преку интернет платформи, каде поминуваат значителен дел од времето.

Според истражувања, младите во Европа поминуваат меѓу 5 и 8 часа дневно на социјалните мрежи, каде што се случува регрутацијата без физички контакт.

Вегтер нагласи дека ова претставува голем предизвик за органите на редот, бидејќи е тешко да се следат ваквите активности во онлајн просторот.

Растечки безбедносен ризик

Според податоци од Еуропол, бројот на малолетници вмешани во терористички активности расте.

Во извештајот за 2025 година се наведува дека од 449 уапсени лица за терористички дела во 2024 година, речиси третина (133 лица) биле на возраст меѓу 12 и 20 години. Најмладиот уапсен имал само 12 години и бил обвинет за планирање напад.

Најголем дел од случаите се поврзани со џихадистички екстремизам, потоа со десничарски и други форми на насилен екстремизам.

Нови форми на екстремизам

Вегтер предупреди дека покрај класичните идеологии, се појавуваат и нови форми на екстремизам, кои комбинираат различни идеи во таканаречена „мешана идеологија“ („salad bar ideology“).

Овие онлајн заедници често развиваат таканаречен „нихилистички насилен екстремизам“, каде младите се привлекуваат кон радикални и насилни идеи без јасна идеолошка основа.

Главната закана останува џихадизмот

Според Вегтер, џихадизмот и понатаму претставува најголема безбедносна закана во Европа, иако неговите методи се промениле.

Групата позната како Исламска држава (ИСИС/Даеш) веќе не функционира како централизирана организација, туку преку децентрализирани мрежи и поддржувачи ширум светот.

Онлајн радикализација и улогата на платформите

ЕУ апелира на подобра соработка со технолошките компании, размена на податоци и добри практики, зголемен надзор на онлајн содржините и едукација на младите

Вегтер истакна дека не е проблем самото користење на интернет, туку начинот на кој екстремистички групи го користат за влијание и регрутација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни