Скоро 40 милиони деца на возраст под пет години во светот имаат прекумерна тежина, што е еквивалентно на речиси 6 проценти од оваа возрастна група. Кај децата на возраст од 5 до 19 години стапките се значително повисоки. Се проценува дека повеќе од 340 милиони деца имаат прекумерна тежина. Растот е најбрз во земјите со низок и среден приход.
Ова се состојби кои ги оптоваруваат децата и можат да доведат до цел живот на болести, вклучувајќи болести како се рак, дијабетес и срцеви болести.
Дебелината е хронична, сложена болест која се дефинира со прекумерно складирање на масти кои можат да го нарушат здравјето. Таа може да доведе до зголемен ризик од тип 2 дијабетес и болести на срцето, да влијае на здравјето на коските и репродукцијата, а исто така го зголемува ризикот од одредени ракови.
Причини за детска дебелина
Најчесто се поврзани со историјата на семејството, психолошките фактори и животниот стил сите играат улога во развојот на детската дебелина. Децата чиј родители или други членови на семејството се со прекумерна тежина или имаат дебелина имаат поголема веројатност да го следат истиот пример. Лошата исхрана која содржи високи нивоа на масти или шеќер и малку хранливи состојки може да предизвика брзо зголемување на тежината кај децата. Брза храна, бонбони и газирани пијалаци се чести виновници. Храната која е погодна за брзо подготвување, како што се замрзнати вечери, солени грицки и консервирани тестенини, исто така може да придонесе за нездраво зголемување на тежината. Недостатокот на физичка активност. Децата кои не се поттикнати да бидат активни можеби нема да имаат тенденција да согоруваат дополнителни калории преку спортови, време на игралиште или други форми на физичка активност. Психолошките проблеми исто така можат да доведат до дебелина кај некои деца. Децата и тинејџерите кои се досадуваат, стресирани се или се депресивни можат да јадат повеќе за да се справат со негативните емоции.
Здравствени ризици поврзани со детската дебелина
Дијабетес Тип : Децата и возрасните кои се со прекумерна тежина имаат поголема веројатност да развијат тип 2 дијабетес. Срцеви болести: Висок холестерол и висок крвен притисок го зголемуваат ризикот од срцеви болести кај децата со дебелина. Срцев удар и мозочен удар се две потенцијални компликации на срцевите болести. Астма – хронично воспаление на дишните патишта во белите дробови. Според истражување објавено во списанието Asthma Research and Practice, околу 38% од возрасните со астма во САД исто така имаат дебелина. Проблеми со спиењето: Децата и тинејџерите кои имаат дебелина може исто така да страдаат од нарушувања на спиењето, како што се прекумерно хрчење и апнеа за време на спиење. Болки во зглобовите – вкочанетост на зглобовите, болки и ограничен опсег на движење поради носење на прекумерна тежина.
Глобално, дебелина во светот се зголемила скоро трипати од 1975 година. Во САД, распростанетоста на дебелината кај децата и адолесцентите е 19,7%. Дебелината влијае на околу 14,7 милиони деца и адолесценти.
Дебелината некогаш се сметаше за проблем на земјите со висок приход. Меѓутоа, стапките на деца со прекумерна тежина и дебелина сега се зголемуваат и во земјите со низок и среден приход. На пример, дебелината кај деца под пет години во Африка се зголемила за речиси 24% од 2000 година.
Од 2017 до 2022 година, дебелината се зголеми со возраста. Кај деца на возраст од 2 до 5 години, 12,7% се со прекумерна тежина. Кај деца на возраст од 6 до 11 години, 20,7% од децата се со прекумерна тежиба, а кај деца на возраст од 12 до 19 години, 22,2% имаа прекумерна тежина.
Дебелината е поголема кај момчињата отколку кај девојчињата на возраст од 5 до 9 години, според 65% од извештаите на земјите. Исто така дебелината е поголема и кај момчињата отколку кај девојчињата на возраст од 10 до 19 години, според 60% од извештаите на земјите.
Во 50% од земјите со висок и горен среден приход, распространетоста на дебелината кај момчињата е скоро двојно поголема отколку кај девојчињата од 5 до 19 години.
Состојба во Mакедонија
Според податоците, земјава не заостанува во однос на целите за намалувањето на дебелината кај децата. Ако во се продолжи со сегашното темпо, преваленцата на прекумерна тежина кај децата би се зголемила до 30.5% .
Во Македонија, над 30% од децата имаат прекумерна тежина и дебелина. Кај учениците со повисок социо-економски статус има 46% поголема веројатност да бидат со прекумерна тежина или дебелина споредено со учениците со понизок социо-економски статус. Децата кои живеат во урбаните области имаат 40% поголема веројатност да имаат зголемена тежина или дебелина отколку децата во руралните области. Кај момчињата има 23% поголема веројатност да имаат прекумерна тежина и дебелина споредено со девојчињата. Еден од највиталните периоди кога се јавува прекумерна тежина и дебелина е 10-годишна возраст
Едно од последните истражувања во училиштата во земјава, спроведено од Институот за јавно здравје покажало дека:
Речиси 32 % од децата од 6- до 9-годишна возраст пијат безалкохолни пијалаци богати со шеќер повеќе од три дена во неделата. Половина од децата јадат ужини богати со шеќер повеќе од три дена во неделата, а од нив 8,4 % и повеќепати секој ден. Само 24 % од децата јадат свежо овошје секој ден, а 21 % свеж зеленчук.
Приближно 40 % од децата од 6- до 9-годишна возраст поминуваат доста време пред телевизорот или употребуваат електронски уреди повеќе од два часа дневно. Вкупно 48 % од децата спортуваат или танцуваат најмалку два часа во неделата. Повеќе од половина (63 %) активно се движат до и од училиште, пеш или со велосипед.
Товар врз здравствените услуги
Светската федерација за дебелина предвидува дека бројот на деца и адолесценти во училишна возраст со дебелина ќе се зголеми од 150 милиони на глобално ниво на повеќе од 250 милиони до 2030 година. Овој пораст ќе стави значителен товар на здравствените и социјалните услуги како што старее популацијата.
Во Соединетите Американски Држави, годишните директни здравствени трошоци во 2010 година беа над 14 милијарди долари за деца со дебелина. Очекувањата се дека овој број ќе достигне 45 милијарди долари до 2050 година. Постојат значителни трошоци поврзани со изгубената продуктивност, отсуство од училиште, предвремена смртност, зголемени премии за осигурување и зголемени плаќања за инвалидност. Прогнозите се дека овие трошоци ќе го надминат износот од 254 милијарди долари до 2050 година.
Глобалните цели за исхрана на СЗО се спречување на зголемувањето на прекумерната тежина кај децата и запирање на порастот на дијабетесот и дебелината до 2025
Детската дебелина е сериозна здравствена закана за децата. Децата со прекумерна тежина се изложени на ризик од бројни хронични здравствени состојби. Лошото здравје кое произлегува од детската дебелина може да продолжи и во возрасната доба. Децата и тинејџерите кои се со прекумерна тежина или имаат дебелина може да развијат депресија и да имаат лоша самопочит и самосвест.