Францускиот институт во Скопје, фондацијата Метаморфозис и Економскиот факултет во Скопјеи организираат дебата насловена „Медиумите и социјалните мрежи: да ја вратиме довербата”, која ќе се одржи во среда, 25 февруари 2026 година, со почеток во 12:30 часот, во Холот на Економскиот факултет во Скопје, во рамките на 11. издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите”.
Говорници на дебатата се домашни и странски експерти на темата, односно:
- г-ѓа Лавинија Абот, уредничка во европскиот тим на агенцијата AFP Факт Чек, со богато искуство во аудиовизуелните уметности и проверката на факти;
- г-дин Венсен Курон, директор на Ле Сирлињер, француска организација специјализирана за проверка на јавни изјави низ призмата на правото, правник и универзитетски професор по јавно право;
- г-дин Бардил Јашари, директор на Фондацијата Метаморфозис, признат експерт за медиуми, дигитална трансформација и борба против дезинформации во регионот.
Модераторка на дебатата е г-ѓа Невена Поповска, новинарка.
Воведен збор на настанот ќе земе г-дин Мијалче Санта, Декан на Економскиот факултет во Скопје, а ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.
Дискусијата ќе ја претстави улогата на социјалните мрежи во ширењето на информациите но и дезинформациите кај младите, ќе ги опфати предизвиците поврзани со лажните вести и хибридните напади, како и начините на кои може да се зајакне критичкото мислење и да се врати довербата во медиумите.
За дебатата е обезбеден симултан превод.