Трејлерот за Deadpool & Wolverine го собори светскиот рекорд. Трејлерот за долгоочекуваниот трет дел од франшизата беше објавен во недела, на 11 февруари, и оттогаш стана најгледаниот трејлер на сите времиња, надминувајќи го вториот миленик на фановите на Марвел.
Според The Walt Disney Company, во првите 24 часа од објавувањето, трејлерот имал неверојатни 365 милиони прегледи. Ова значи дека официјално го надмина првиот објавен трејлер за Spider-Man: No Way Home, кој во 2021 година собра 355,5 милиони прегледи за 24 часа од неговото објавување.
Тизерот започнува со прекин на роденденската забава на Дедпул од страна на Time Variance Authority, последен пат виден во втората сезона на Локи. Во тизерот накратко го гледаме и Wolverine.
Новиот дел од Дедпул го режираше Шон Леви, режисерот на франшизата „Ноќ во музејот“, кој соработуваше со Рејнолдс на филмовите „Слободен човек“ и „Проектот Адам“. Заедно со Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен, во филмот играат Ема Корин, Морена Бакарин, Роб Дилејни, Лесли Угамс, Каран Сони и Метју Мекфадиен.
Извор: index.hr