Пери, кој го глумеше Чендлер Бинг во „Пријатели“ имал многу пофални зборови за Швимер и особено за неговата физичка комедија. Тој ваквите пофалби ги споделил со водителката на поткастот „Origins with Cush Jumbo“.
„Пери рече дека воопшто не е случајно што ти си бил клучна фигура во секоја сцена“ му кажа Џамбо на Швимер за време на интервјуто.
„Велеше дека сите те гледале тебе за да знаат во која физичка насока треба да оди сцената, што мислам дека голем комплимент“ додаде водителката.
Швимер остана затечен од оваа приказна и рече дека не очекувал таков коментар од Пери.
„Тоа е огромна пофалкба и изненаден сум, бидејќи Метју беше многу воздржан кон мене. Никогаш тоа не ми го кажал, но го ценам многу“ рече Швимер.
Актерот исто така истакна дека неговата ригорозна обука за тетар и посветеноста на прецизно планирање секогаш играле клучна улога во неговата физичка изведба.
„Секогаш внимателно ги структуирав и кореографирав физичките моменти во сцените, не само за да избегнам повреди туку и за да можам тие потези да ги повторам повеќе пати. Мислам дека Пери веројатно реферирал на тоа“ рече Швимер.