Дејвид Боуви од денеска има своја улица во Париз

Дејвид Боуви од денеска, 8 јануари, има своја улица во Париз. Париските власти се решија на овој потег да му оддадат почит на легендарниот рок-музичар кој почина на 10 јануари 2016 година.

Rue David Bowie ќе се наоѓа помеѓу улица Жизел-Фројд и авенија Пјер-Мендес-Франс. Улицата именувана по Дејвид Боуви е создадена како дел од големото обновување на тој дел од градот. Во близина на улицата се наоѓа и познатата библиотека Франсоа Митеран. Улица во Париз ќе биде првата што ќе го носи името на познат британски музичар.

Врската меѓу Боуви и Париз датира од 1965 година, кога осумнаесетгодишниот Дејвид таму го одржа својот прв концерт. Боуви настапи со својот бенд The ​​Lower Third. Со оглед на уметничката поврзаност меѓу музичарите и Париз, одлучено е улицата да биде сместена во тој кварт, бидејќи зрачи со уметност и уметничка репутација.

Покрај официјалното отворање на улицата, Париз подготви и голем број други активности во соработка со новинарот Жером Солињи, кој многупати го интервјуираше Боуви. Tој ден во Париз ќе се одржи концерт на Клифорд Слапер и изложба на слики посветени на Thin White Duke.

Дејвид Боуви сè уште не најде своја улица во Брикстон, лондонската населба каде што е роден. Иако тој нема своја улица, Брикстон му посвети неколку мурали кои се наоѓаат на различни локации во областа. Муралите се дело на австралискиот уметник Џејмс Кокран. Освен Брикстон, на Дејвид Боуви му се посветени и неколку мурали низ светот, меѓу кои и оној во Сараево кој е висок дури 13 метри.

Извор: muzika.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни