Дејвид Бекам претстави производ кој може да го запре старењето

IM8 официјално беше лансиран на 18. ноември 2024 година. Бекам е соосновач на брендот со компанијата за здравствени науки „Prenetics“ и тимот научни советници од академската, медицинската и вселенската наука.

Фудбалската легенда, Дејвид Бекам, ги рекламираше предностите на IM8 суплементите на брендот на кој и самиот е коосновач, со цел да го поедностави секојдневното здравје и исхраната. Дејвид Бекам влегува во светот на велнесот со IM8 суплементите, за да ги унапреди најновите научни информации за долг живот и здравје. Познат по својот ригорозен фитнес режим, Бекам тврди дека по повлекувањето од фудбалот овие производи – прашок за пијење „Daily Ultimate Essentials“ и капсули за здраво стареење – ја трансформирале неговата енергија, фокус и општо здравје.

IM8 официјално беше лансиран на 18. ноември 2024 година. Бекам е соосновач на брендот со компанијата за здравствени науки „Prenetics“ и тимот научни советници од академската, медицинската и вселенската наука.

„Мојот фокус е подобар, мојата енергија е подобра, чувствувам се посвежо, подобро спијам и чувствувам се одлично“, рекол Бекам.

Производот е достапен онлајн и се испраќа бесплатно во САД, Велика Британија, Канада, Сингапур и Хонг Конг, а со накнада се испраќа и во други земји.

Цените се движат од 90 до 147 евра за еднократна куповина или од 72 до 123 евра за месечна претплата, пишува „Best Life“, пренесува N1 Загреб.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни