Дејвид Бекам објасни зошто ја бакнува својата 11-годишна ќерка во уста

Бакнувањето на детето во уста потенцијално може да доведе до кариес, алергиски реакции и да предизвика збунетост за тоа тоа што е прифатливо, а што не. И покрај потенцијалните ризици, познатите личности како Дејвид Бекам упорно споделуваат слики на кои ги бакнуваат своите деца во уста. Иако се критикувани за оваа навика, многу родители ја гледаат како безопасен начин на изразување љубов.

„Јас сум многу нежен со децата. Така сум воспитуван како јас така и Викторија, а такви сме и со нашите деца. Сакаме да им покажеме љубов на нашите деца и, знаете, многу сме поврзани со нив”, изјавил пензиониран фудбалер.

11-годишната Харпер не е единственото дете кое Бекам го бакнува во уста

„Ме критикуваат што ја бакнувам ќерка ми во уста. Ги бакнувам сите мои деца во уста. Можеби тоа не го правам со Бруклин, бидејќи има 18 години и ќе му биде малку чудно”, додал тој.

Инаку, Бекам стана татко на 23 години. И покрај неговата успешната кариера и напорниот распоред, тој секогаш наоѓа време за семејството и тоа му е приоритет.

„Мислам дека со децата побрзо созреваш. Животот се врти околу децата. Мислам дека тоа е она што го учиш како татко – стануваш помалку важен, а сè се врти околу твоите деца”, објаснува тој.

Ги поттикнува децата да ги следат своите соништа
Според Бекам, ниту едно од неговите четири деца не изразило желба да тргне по неговите стапки, а тој целосно го поддржува нивниот избор.

„Ниту едно од моите деца не сака да биде фудбалер. Тоа е во ред, не сакам никого да присилувам на ништо. Важно е на децата да им покажеме љубов, поддршка, охрабрување. Секогаш сме ги поддржувале нашите деца во сè што сакаат“, тврди тој.

Без разлика на тоа, психолозите предупредуваат дека бакнувањето на детето во усните може да ги збуни, па дури и да ги поттикне да се однесуваат непристојно и на сличен начин со други возрасни.

Најново

Последни колумни