Националната галерија на 19 ти ноември во 20 часот ќе ја отвори изложба посветена на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман, во објектот Даут пашин амам.
Изложбата е по повод 120 години од неговото раѓање и ќе ги претстави неговиот живот и творештво, неговите портрети и пејзажи, боите и светлината на неговиот роден крај.