Дарја Ризова ја посвети наградата ,,Најдобар млад уметник” на својот дедо Благоја Силјаноски Ѓурак

Претседателот Стево Пендаровски на церемонија во неговиот Кабинет вчера го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година, кое се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава.

Во катероријата „Најдобар/а млад/а уметник/чка“ се избрани Дарја Ризова и Чендрим Ријани, кои со своите творечки достигнувања во текот на 2022 година оствариле значаен придонес во афирмацијата на македонското театарско творештво, како во земјата така и во странство.

Во своето обраќање на церемонијата претседателот Пендаровски истакнал дека носителите на признанието се позитивен пример за нивните врсници, но и за сегашните и идните генерации.Стево Пендаровски

-Тие треба да бидат и да останат нашиот модел според кој новите генерации ќе се однесуваат и создаваат вредности. Нивниот пример на посветеност и вложување на своето време и својот труд во себеси, како единствен пат до успехот, треба да биде пример и за повозрасните наши граѓани. Реков и да повторам, неопходно да ги поддржиме младите и соодветно да ги вреднуваме и наградиме нивните постигнувања. Во овој контекст, верувам дека признанието „Успешни млади“ дава свој придонес и ја исполнува својата мисија и цел, потенцирал Пендаровски.

Во свој стаус на фејсбук Дарја упати благодарност до претседателот на Република Македонија, а наградата му ја посвети на нејзиниот дедо Благоја Силјаноски Ѓурак.

Статусот го споделуваме во целост:

,,Најдобар млад уметник” за 2022 година. Ви благодарам Претседателе Stevo Pendarovski🙏🏻 Оваа награда ја посветувам на човекот кој уште во раното мое детство ги всади во мене моралните и етичките вредности.Човекот кој ме научи чекањето секогаш да го заменам со храброст да дејствувам и наместо пасивен посматрач да верувам во идеалот за создавање на поубав и похуман свет. За мојот дедо Благоја Силјаноски Ѓурак.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни