Стереолаб, нов звук во етерот

Дарко Јорданов: Скопје заслужува пристојна радио станица која ќе ја промовира локалната култура и „нормалниот свет“

Ќе се фокусираме на сето она што сметаме дека е квалитетно. Особено на оние кои се млади и не афирмирани и оние кои немаат ресурси за само промовирање. Дали се тоа музичари или воопшто  луѓе кои имаат што да му понудат на градот.

Стереолаб e нов градски електронски медиум со дефинирана и квалитетна музичка преференца, која на слушателите ќе им ги доближува современите развојни текови, пред се, од локалната, потоа и од светската сцена. Радиото ќе ја промовира современата култура, како двигател на нови идеи и квалитетен јавен простор за различни генерации граѓани. „Стереолаб“ е музичко радио, кое во фокус ја става домашната квалитетна авторска музичка продукција и сцена, а ќе негува и промовира тековни и веќе познати музички тенденции од целиот свет. Ќе понуди и единствена програма, која ќе комуницира со различни генерации слушатели со фокус на младата и средна генерација слушатели.

За Стереолаб и неговата програмска содржина, визијата и плановите, разговаравме со Дарко Јорданов.


Трн: Која твојата визијата за Стереолаб и која е приказната зад отварањето на ова радио?

Дарко: Идеата постои од моментот кога Канал 103 успешно ја заврши својата  историска мисија. Денес живееме во друго време. Информациите се лесно достапни но дисперзирани во интернет просторот. Нашата идеа е да создадеме место каде што ќе се преплетат интересите на оние кои имаат што да  дадат и да ставиме акцент на она што вреди. К. Ц. Лабораториум ја препозна оваа идеа и овозможи ова да се случи. Скопје заслужува пристојна радио станица  која ќе ја промовира локалната култура и некој „нормален свет“ , во време во кое главните  ѕвезди се некои сомнителни ликови кои доминираат во медиумскиот простор.   

Трн: Кажи ни нешто повеќе за програмските содржини и за луѓето кои стојат зад тие содржини?

Дарко: Секој работен помеѓу 10 и 14часот е предвиден дневен термин кој се вика ‘Разумен град’. Тоа е отворена програма во која зборуваме за актуелни културни настани, но ќе зборуваме и за сето она што сметаме дека е интересно од севкупното општествено постоење. Предвидени се секако гостувања на соговорници кои преку интервјуа ќе ги пренесст своите искуства за конкретни проекти на кои работат. Во среда во рамките на истиот термин колешката Марија Каева ќе реализира интересна емисија насловена ‘Евтина струја’ која ќе се бави со теми поврзани со екологија, самоодржливост, клима и слично. Во вторник во истиот термин  колешката Бети  Пољоска   води емисија на албански јазик насловена ‘СпејсШчип’  во која помеѓу другото ќе ни ги  приближи актуелните културни активности на нашите сограѓани од албанската заедница. Не би можел да ги елаборирам сите емисии на нашето радио, но би истакнал дека една од поважните  ќе биде Македонскиот Топ20 каде ќе бидат презентирани најновите домашни музички тенденции. Ќе имаме специјализирана  емисија за книга, уредувана од Билјана Црвенковска. Истото така во соработка со Францускиот  Културен центар, Гете Институтот и Италијанската Амбасада, предвидени се емисии кои ќе ни ги презентираат нивните тековните културни програми. Во попладневите термини помеѓу 14 и 22 часот се поместени дво часовни тнр авторски емисии во кои различни соработници генерално ќе промовираат квалитетни музички содржини. Особено би ги нагласил термините на нашите најмлади колеги кои  за прв пат ќе уредуваат и водат радио емисии, поврзани со колективот околу ‘Гола планина’,  екипата поврзана со составот ‘Кен’ или колегите како Марко Кочишки кои во моментов почнуваат со своите посериозни кариери дали како дџ-и, бендови или издавачи. Ќе се бавиме секако и со теми кои ја засегаат ЛГБТ  заедницата и останатите ранливи групи на кои евидентно ќе им биде потребна поголема поддршка и простор поради актуелните случувања на глобалната политичка сцена.   

Трн: На кој дел од музичката и воопшто културната сцена ќе се фокусира Стереолаб?

Дарко: Ќе се фокусираме на сето она што сметаме дека е квалитетно. Особено на оние кои се млади и не афирмирани и оние кои немаат ресурси за само промовирање. Дали се тоа музичари или воопшто  луѓе кои имаат што да му понудат на градот. Секако со задоволство ќе ги промовираме и оние актери кои се веќе докажани.  

Трн:Интернет публиката доминантно е фокусирана на видеото, дали Стереолаб ќе се обиде да создаде и видео содржини, или ќе се фокусира на аудио емисии?

Дарко: Припаѓам на групата луѓе кои го замислуваат радиото на малку по конзервативен начин, сметајќи дека магијата се крие токму во фактот дека не ги гледате оние кои ви пренесуваат одредени содржини. Но свесем сум за моментот во кој живееме, па во таа насока сме спремни одредени емисии да ги емитуваме и во видео формат.   

Трн:Дали на Стереолаб може да очекуваме „градење“ на нови бендови и музичари воопшто? Тоа беше и една од продобивките од посгоењето на 103ка чиј дел беше и ти

Дарко: Една од основните причини за почнување на оваа приказна на Стереолаб, кој во основа е музичко радио е токму промоција на нови бендови и градење или зацврстување на постоечката сцена. Преку Македонскиот Топ 20, преку континуирани концерти кои во живо ќе бидат стримани и секако преку постојано вртење  на она што сметаме дека е квалитетно.   

Трн: Имајќи предвид дека Стереолаб е дел од Лабораториум – хаб кој е во голем дел посветен на перформанси и настани во живо, дали и радиото ќе организира такви настани, освен онлајн програмата?

Дарко: Секако, Стереолаб е дел од К. Ц. Лабораториум и основната идеа да организираме и промовираме настани од различен карактер, вклучувајќи перформанси, изложби, поетски читања, проекции на филмови, модни ревии и останато.   

Трн: Планирате Стереолаб да има и интернационална и интеркултурна перспектива, кажи ни нешто повеќе за тоа.

Дарко: Веќе сме во контакт со повеќе радио станици од регионот и Европа и работиме на взаемно вмрежување и заеднички проекти. Една од емисиите на албански јазик која ќе се емитува во сабота навечер е уредена од нашиот колега Генц Елезај од Приштина кој ќе ни ги приближи најквалитетните културни настани од Косово и Албанија, со што го прошируваме влијанието на Стереолаб во регионот. Show trimmed content

Фото галерија: Дамјан Стојановски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни