Дариус Конџи – добитник на Златната камера 300 за животно дело на 46 издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Конџи е добитник на Златната камера 300 за животно дело на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Синоќа во Битола пристигна легендарниот Дариус Конџи – добитник на Златната камера 300 за животно дело на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

,,Тивко, скромно и со ведар поглед под капата, во придружба со неговата сопруга, еден од највлијателните директори на фотографија во светската кинематографија зачекори по улиците на Битола. Срдечно пречекан од фестивалскиот директор Димитрија Доксевски, Конџи веднаш се вклучи во разговор со тимот, гостите и уметниците – како да не доаѓа првпат, туку како стар пријател на фестивалот”, велат организаторите.

Неговото портфолио е моќна филмска антологија.

Еве дел од неговите визуелни ремек-дела:

Seven (1995, реж. David Fincher)Темна, незаборавна визуелна атмосфера во култниот трилер со Бред Пит и Морган Фримен.

Midnight in Paris (2011, реж. Woody Allen)Светлина што мириса на лето и носталгија. Париз како сонот што не сакаш да се разбудиш.▪️

Evita (1996, реж. Alan Parker)Гламур и политичка драма во визуелно стилизиран мјузикл со Мадона – номиниран за Оскар.

The Lost City of Z (2016, реж. James Gray)Епска авантура низ џунглите, каде камерата станува компас во срцето на непознатото.

Uncut Gems (2019, реж. Safdie Brothers)Неонски хаос, пулс кој трча, визуелна паника – Конџи е мајстор на контролираниот немир.

The Immigrant (2013, реж. James Gray)Елегантно осветлен портрет на имигрантската болка и американскиот сон.

Delicatessen (1991, реж. Jeunet & Caro)Почетокот на визуелната храброст – француски култ-филм со мрачна поезија и хумор.

Funny Games (2007, реж. Michael Haneke)Брутален, студен, минималистички терор – каде секоја тишина е визуелен нож.

Okja (2017, реж. Bong Joon-ho)Глобална приказна со срце, каде фантастичното е раскажано низ реална, топла камера.

Дариус Конџи, француско-иранскиот директор на фотографија чија визија засекогаш го промени изгледот на модерниот филм е уште еден од великаните на кинематографијата кој се впишува со златни букви во историјата на ИФФК Браќа Манаки.

Наградата Златна камера 300 за животно дело, која ќе му биде врачена во Битола, е признание не само за неговата мајсторија, туку и за неговото влијание врз генерации режисери и сниматели низ светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни