Дарио Ивановски на 58. место го заврши маратонот во Токио

Ивановски маратонот го истрча за два часа, 28 минути и 31 секунда и беше меѓу 66-темина учесници кои ја завршија трката

Нјадобриот македонски ателтичар Дарио Ивановски на 58. место ја заврши на маратонската трка на Светското првенство во атлетика, што се одржува во Токио.

Ивановски 42та километри ги истрча за два часа, 28 минути и 31 секунда и беше меѓу 66-темина учесници кои ја завршија трката.

Златниот медал го освои Алфонс Феликс Симбу од Танзанија со време од два часа, девет минути и 48 секунди, но за победникот мораше решава фото-финиш, откако тој влезе во целта заедно со Германецот Аманал Петрос. На него на крајот му припадна среброто со временска разлика од само три стотинки. Трет беше Италијанецот Илијас Ауани, кој заостана пет секунди зад двајцата најбрзи.

Ова е прво злато за Танзавија во историјата на светските првенства.

Во женска конкуренција вчера македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова-Рашиќ маратонската трка ја заврши на 62. место со време од 3:01:48 часа.

Со денешниот настап на Ивановски, македонските репрезентативци го завршија настапот на Светското првенство во Токио.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни