Данскиот крал Фредерик следната недела ќе го посети Гренланд 

Данскиот крал Фредерик ќе ја посети полуавтономната територија Гренланд на 28 април, јави гренландскиот весник „Сермитсиак“, кој се повикува на информации од тамошната влада.

Посетата се одвива во време на зголемено геополитичко внимание врз Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази амбиции дека САД треба да го преземат островот, кој е богат со минерали.

Данска ги отфрли овие амбиции, истакнувајќи дека само народот на Гренланд има право да одлучува за иднината на територијата.

Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик-Нилсен, ќе отпатува во Данска на 26 април каде ќе се сретне со данската премиерка Мете Фредериксен. Кралот Фредерик ќе му се приклучи на патувањето назад и ќе пристигне во Гренланд заедно со Нилсен, објави весникот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни