Данската премиерка: Ако Трамп го нападне Гренланд, тоа ќе значи крај за НАТО

Данската премиерка Метe Фредериксен предупреди дека евентуален американски напад на Гренланд би значел крај на НАТО и безбедносните гаранции воспоставени по Втората светска војна. САД со Трамп разгледуваат стратешки интереси на островот.

Данската премиерка Мете Фредериксен упати остро предупредување дека можно американско воено дејствување против Гренланд би значело крај на НАТО.

„Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд треба да се сфатат сериозно“, рече Фредериксен за телевизијата TV2.

„Но, јас исто така јасно велам: ако САД решат да нападнат друга членка на НАТО, тогаш сè застанува, вклучително и НАТО и безбедноста воспоставена по Втората светска војна“, додаде таа, потенцирајќи дека анексијата на арктичкиот остров би била преседан.

Трамп: Гренланд е стратешка потреба

Доналд Трамп одамна изразува интерес Гренланд, кој е автономен, но дел од Данска, да стане дел од САД. Тој го нарекува стратегиска потреба, не исклучувајќи употреба на сила или економски притисок.

„Гренланд ни е потребен поради националната безбедност“, изјави Трамп. „Ќе се занимаваме со Гренланд за околу два месеца. Да разговараме за тоа за 20 дена“, додаде, без да открие детали.

Загриженост во Европа по Венецуела

Овие изјави доаѓаат по американската акција во Венецуела, каде беше уапсен лидерот Николас Мадуро. Акцијата предизвика стравови дека Вашингтон може да се обиде да анектира Гренланд.

Лидерите на нордиските земји и Обединетото Кралство ја изразија својата поддршка за Данска и правото на самопределување на Гренланд.

Зошто Трамп сака Гренланд?

Трамп првпат јавно го изрази интересот во 2019 година за купување на островот, нарекувајќи го „голем недвижен бизнис“. Идејата тогаш предизвика дипломатски скандал бидејќи Данска ја одби како апсурдна, а Трамп го откажа официјалниот посет на Копенхаген.

Гренланд има голема геостратешка вредност поради арктичката локација, богатите минерални ресурси и американската воена база Туле, дел од системот за противракетна одбрана на САД.

Трамповите изјави за можна употреба на сила или економски притисок ги влошија односите во НАТО, бидејќи секое еднострано дејствување би било преседан во рамки на сојузот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни