Данска започнува со најголемата набавка на оружје во својата историја

Данска ќе потроши 7,67 милијарди евра за нови системи за противвоздушна одбрана, во услови на растечка загриженост поради можната руска агресија во Европа.

Данска најави дека ќе инвестира рекордни 7,67 милијарди евра за набавка на системи за противвоздушна одбрана, што претставува најголема воена набавка во историјата на земјата. Ова денеска го соопшти данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.

Потегот доаѓа во контекст на зголемените безбедносни тензии во Европа, особено поради стравувањата од потенцијална идна руска агресија.

„Нема сомнеж дека безбедносната ситуација е загрозена“, изјави Поулсен пред новинарите.

Планираната набавка вклучува осум различни системи, меѓу кои и долгодометниот систем SAMP/T – француско-италијанска платформа, како и системи од среден дострел произведени во Норвешка, Германија и Франција.

Во февруари 2025 година, премиерката Мете Фредериксен ѝ нареди на војската: Купувајте, купувајте, купувајте“, како дел од подготовките за можни конфликти и зајакнување на националната безбедност.

Со оваа набавка, Данска јасно го позиционира своето учество во колективната одбрана на Европа, особено во рамките на НАТО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни