Данска забрани летови на цивилни дронови поради нивно појавување над воени објекти

Данска забрани летови на цивилни дронови откако за време на изминатата ноќ беа забележани над неколку воени објекти, а претходно во текот на неделата нивните прелетувања доведоа до привремено затворање на неколку дански аеродроми.
A beautiful view of the port and the colorful buildings captured in Copenhagen, Denmark

Во соопштението, данската армија наведува дека распоредила „неколку капацитети“ како одговор на ноќните прелети, но не даде дополнителни детали за природата на одговорот. Прелетите се наречени „хибриден напад“, а премиерката Мете Фредериксен сугерира дека зад нив може да биде Русија, која, како што рече, претставува „главна закана за европската безбедност“.

Според одлуката на армијата, цивилните дронови ќе бидат забранети од понеделник до петок следната недела, кога Данска ќе биде домаќин на европските лидери поради претседавањето со Европската унија.

Во среда ќе се одржи состанок на лидерите на ЕУ, а во четврток е закажан самит на Европската политичка заедница, формирана за воспоставување блиски врски со пријателски европски земји по нападот на Русија врз Украина.

Дополнително, германски воен брод за противвоздушна одбрана пристигна денес во Копенхаген за да помогне во надзорот на воздушниот простор за време на двата високо-профилни настани.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни