Повеќето партии во парламентот објавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање.
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните мрежи за деца под 15 години, објави данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност на деца над 13 години за пристап до одредени платформи. Овој потег следи по говорот на премиерката Мете Фредериксен во парламентот, во кој повика на ограничувања за користење на социјалните мрежи од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите.

Таканаречените социјални мрежи растат за да им го украдат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа, изјави министерката за дигитализација Каролина Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот објавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање.
Децата во Данска најмногу ги користат Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok, соопшти владата.
Според анализата на данското тело за заштита на пазарната конкуренција и потрошувачите од февруари годинава, младите луѓе во таа нордиска земја просечно поминуваат 2 часа и 40 минути дневно на социјалните мрежи.
Данска го следи примерот на Австралија, која минатата година воведе забрана за социјални мрежи за лица под 16 години.
