„Поради актуелната безбедносна ситуација, вооружените сили мораат да привлечат поголем број на нови војници“, изјави Поулсен.
Подолг период на служба од првично планираниот
Воведувањето на обврзната воена служба за жени е договорено со мнозинството политички партии во парламентот, а новите правила предвидуваат и подолга служба – наместо досегашните 4 месеци, воената служба ќе трае 11 месеци.
„Ова е значаен чекор кон целосна равноправност помеѓу жените и мажите“, нагласи данскиот министер, како што пренесува The Defense Post. Лотаријата ќе продолжи да се применува, но само ако во одредена година не се пријави доволен број доброволци.
Данска во февруари објави дека ќе инвестира дополнителни 6.8 милијарди евра во одбраната во периодот 2026-2027, по што претходната година го зголеми одбранбениот буџет за 5.4 милијарди.
Со овој потег, Данска се приклучува на Норвешка, која прва во НАТО ја воведе обврзната воена служба за жени во 2015 година, и Шведска, која ја врати воената обврска во 2017 година и ја прошири на жените.