Данска воведува GPS за кравите: заштита на стоката и природата

По четиригодишни тестирања, Данска официјално дозволува користење на GPS огради за крави, кои ја штитат стоката и природата, без негативни ефекти врз животните.

По четиригодишни тестирања, Данска официјално го одобри користењето на виртуелни огради за крави, отворајќи ново поглавје во управувањето со пасиштата и заштитата на животната средина.

Технологијата се заснова на GPS огрлици, кои ги заменуваат класичните жичени или електрични огради. Според податоците на Данската управа за ветеринарство и храна, повеќегодишните испитувања не покажале негативни ефекти врз здравјето или однесувањето на стоката.

Секоја крава е опремена со GPS огрлица која со звучни сигнали и лесни електрични импулси ја учи животната како да остане во рамките на виртуелните граници на пасиштето. Врз животните не се применуваат импулси при враќањето во дозволената зона, а системот повторно се активира дури откако животното ќе се врати во стадото.

Виртуелните огради се особено корисни на тешко пристапни терени, во заштитени области или на локации каде поставувањето класични огради е технички тешко или скапо.

Данскиот министер за земјоделство, Јакоб Јенсен, истакна дека оваа технологија овозможува пофлексибилна и одржлива пасишна економија, истовремено штитејќи ја стоката и природните живеалишта.

Системот исто така ја намалува можноста за конфликти со диви животни и се смета за еден од важните алати на модерното, дигитално земјоделство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни