Данска воведе задолжителен воен рок за жените

Данска е третата европска држава со задолжителен воен рок за жени, претходно тоа го воведоа Норвешка во 2015 и Шведска во 2017 година
A beautiful view of the port and the colorful buildings captured in Copenhagen, Denmark

Со ниту еден глас „Против“ данскиот парламент синоќа донесе одлука задолжителната воена служба за жените.

По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец.

Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука од четири месеци, и тоа на доброволна база.

Жените кои од први јули ќе наполнат 18 години ќе бидат повикувани на регрутација.

Данска е третата европска држава со задолжителен воен рок за жени. Претходно тоа го воведоа Норвешка во 2015 и Шведска во 2017 година

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни