Данска продолжува со контроли на границата со Германија, стравуваат од терористички напади

Данска ќе ги продолжи контролите на границата со Германија за дополнителни шест месеци поради сериозната терористичка закана против земјата, објави данското Министерство за правда.

Заканата потекнува од милитантни исламски групи, а последица е конфликтот на Блискиот исток, соопштило Министерството.

„Терористичката закана за Данска е сериозна. Ова нè наведува да продолжиме внимателно да разматраме кому дозволуваме да ја преминува нашата граница“, изјави министерот за правда, Петер Хумелгаард.

Целта на продолжените контроли е да се обезбеди дополнителен инструмент за полицијата во борбата против тероризмот и прекуграничниот криминал.

Контролите воведени во 2016 година

Данска првично ги воведе контролите на границата во почетокот на 2016 година за време на бегалската криза и повеќе пати ги продолжувала поради различни причини.

Тие повремено биле ублажувани, а понекогаш построги.

Контролите од април 2023 година се фокусираат на борбата против криминалот, а полициските службеници се распоредени повеќе во пограничните области отколку исклучиво на самите гранични премини. Ова имало значително позитивен ефект во борбата против прекуграничниот криминал, според Министерството за правда на Копенхаген.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни