Данска почна со вонредна мобилизација, веќе се повикани стотици резервисти

Одлуката е донесена по неодамнешното нарушување на данскиот воздушен простор од неидентификувани беспилотни летала

Владата на Данска започува со вонредна мобилизација на резервниот состав поради растечката безбедносна опасност.

Одлуката е донесена по нарушувањето на данскиот воздушен простор од неидентификувани беспилотни летала.

Данскиот воздушен простор две вечери (петокот и саботата ноќта) по ред беше нарушен од неидентификувани дронови. Претходно, на 22 септември неидентификувани беспилотни летала беа забележани над цивилни аеродроми во Копенхаген и Осло.

Според пишувања на тамошните медиуми, веќе се повикани и регрутирани стотици граѓани кои се во резервниот состав.

Сепак, војската не ја коментира точната бројка на повикани, но според извештаите, се работи за персонал кој се активира на клучни стратешки позиции, особено за заштита на инфраструктура и противдронски одбрана.

Земји-членки на ЕУ како Франција, Германија и Шведска понудиле поддршка во форма на антидрон системи и стручњаци, додека Украина испратила свои експерти да учествуваат во вежбите за детекција на дронови над Балтикот, јави „Блумберг“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни