Данска подготвува цела партија со вештачка интелигенција за следните избори?

Вештачката интелигенција може да обработува огромни количини на податоци побрзо од луѓето, но сепак ѝ недостасува сложеноста, интуицијата и емоционалната длабочина на човечкиот мозок.

Албанската влада неодамна назначи вештачка интелигенција по име Диела за управување со јавни тендери. Еди Рама тврди дека ова ќе помогне во борбата против корупцијата и ќе ја забрза дигитализацијата на државата.

Експерти за информатичка технологија и вештачка интелигленција откриваат дека Данска основа цела партија што ќе се базира на вештачка интелигенција, со што планираат да заземаат министерски позиции. Деталите, за сега не се објавуваат, но се чекаат првите избори.

Албанија, од друга страна, верува дека ќе ја намали корупцијата со воведување министер создаден од вештачка интелигенција

Но сепак тие предупредуваат дека постои јасна граница во употребата на вакви технологии. Според нив вештачката интелигенција не смее да одлучува за човечката судбина, бидејќи таа треба да им помогне на луѓето, а не да ги замени.

Експертите предупредуваат дека вештачката интелигенција не може сама да преземе одговорност, туку одговорноста е на оној што ќе ја имплементира.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни