Во време на растечки трошоци за гориво, експертите од Данска споделуваат практични совети со кои возачите можат да заштедат пари и истовремено да ја намалат штетата врз животната средина.
Според данскиот портал FDM, со примена на неколку едноставни навики при возење, можно е годишно да се заштедат и стотици евра.
Избор на вистинско возило
При купување автомобил, важно е да се обрне внимание на потрошувачката на гориво. Возило со помала потрошувачка значи: пониски дневни трошоци и помали годишни издатоци (регистрација, одржување)
За подолги релации и возење на автопат, се препорачуваат дизел возила кои ги исполнуваат стандардите Euro 6d.
Паметно возење
Економичното возење започнува со стилот зад воланот: постепено забрзување (околу половина гас), избегнување нагло кочење и повторно забрзување, одржување безбеден растојание
Кога е можно, возилото треба да „се движи“ без нагло кочење, на пример при приближување кон семафор.
Контрола на брзината
Колку е поголема брзината, толку е поголема и потрошувачката. На пример, зголемување од 110 на 130 km/h може да ја зголеми потрошувачката и до 20%.
Експертите препорачуваат: возење во повисок степен на пренос, одржување константна брзина (по можност со темпомат) и избегнување нагли забрзувања.
Исклучување непотребни потрошувачи
Дополнителните системи во автомобилот исто така трошат енергија се клима уред, греење на седишта и греење на задно стакло.
Кога не се потребни, најдобро е да се исклучат. Исто така, ако автомобилот стои подолго време, препорачливо е да се изгаси моторот.
Одржување и гуми
Редовното одржување на возилото игра важна улога во потрошувачката а тука влегува проверка на притисокот во гумите, користење препорачан притисок (често во горната граница) и редовен сервис.
Информациите за препорачаниот притисок може да се најдат во прирачникот на возилото или на капачката од резервоарот.
Економичното возење не бара големи инвестиции, туку свесност и мали промени во навиките. Со правилен стил на возење и редовно одржување, возачите можат значително да ги намалат трошоците за гориво и истовремено да придонесат за поеколошка околина.