Данска ја зајакнува воената присутност на Гренланд: „НАТО мора да преземе поголема одговорност“

Данска најави засилување на воената присутност на Гренланд и поголема соработка со НАТО сојузниците, поради растечките безбедносни предизвици во Арктикот.

Данска ќе ја зајакне својата воена присутност на Гренланд и ќе ги прошири заедничките воени вежби со сојузниците од НАТО, како дел од пошироките напори Алијансата да преземе поголема одговорност за безбедноста во Арктикот и северниот Атлантик, соопшти данското Министерство за одбрана.

Во писмена изјава за агенцијата Анадолу, портпарол на Министерството наведе дека меѓу Данска и нејзините сојузници постои заедничко разбирање дека НАТО мора да игра поактивна улога во обезбедувањето на регионот.

Повеќе војници и заеднички вежби

„Ќе ја зајакнеме нашата воена присутност на Гренланд и тесно ќе соработуваме со НАТО сојузниците за да обезбедиме подолготрајна присутност и повеќе заеднички вежби во Арктикот“, изјави портпаролот на данското Министерство за одбрана.

Овие најави доаѓаат во период кога неколку европски земји одлучија да испратат воени офицери на Гренланд. Германија, Шведска, Норвешка, Франција и Обединетото Кралство претходно оваа недела соопштија дека распоредувањата се реализираат на барање на Данска.

Подготовки за вежбата „Arctic Endurance“

Според официјалните информации, воените лица ќе ѝ се приклучат на извидувачка група во пресрет на планираната воена вежба „Arctic Endurance“. За данското Министерство за одбрана, ова претставува природно продолжение на зголеменото воено присуство и поинтензивните активности што започнаа уште во 2025 година.

Фокус на арктичките услови

„Целта на распоредувањето на војници и воени капацитети на Гренланд е продолжување на постојните напори за обука и јакнење на способностите на НАТО за дејствување во специфичните и предизвикувачки арктички услови“, додаде портпаролот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни