Данска ги затвори аеродромите за цивилни летови до петок поради безбедносна закана од дронови

Данска воведе привремена забрана за сите цивилни летови до петок, откако беа забележани дронови во близина на воени објекти. Сомнежи за хибриден напад – не се исклучува вмешаност на Русија.

Данска денес ги затвори сите аеродроми за цивилни летови, откако биле забележани непознати дронови во близина на неколку воени објекти во текот на ноќта, соопшти министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Тој изјави дека забраната ќе трае до наредниот петок, пренесува „Ројтерс“.

„Моментално се наоѓаме во сериозна безбедносна ситуација и мораме да обезбедиме најдобри можни услови за работа на вооружените сили и полицијата, кои се одговорни за безбедноста за време на самитот на ЕУ“, изјави Поулсен.

Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се состанат во среда во Данска, а следниот ден таму ќе се одржи самит на Европската политичка заедница, на кој ќе учествуваат 47 држави.

Во рамките на безбедносните подготовки, германска фрегата за противвоздушна одбрана пристигна денеска во Копенхаген за да помогне во надгледување на воздушниот простор за време на настанот.

Данска ги нарече дроновите дел од „хибриден напад“, но не прецизираше кон кого се насочени обвинувањата.

Министерството за одбрана на Данска соопшти дека и втора ноќ по ред се забележани дронови на неколку локации над државната територија, по што биле распореден „неколку капацитети“. Не се соопштени детали за бројот или локацијата на дроновите, ниту за природата на распоредените сили.

Ова е последниот инцидент во низа активности со дронови оваа недела, вклучувајќи дронови забележани над пет дански аеродроми.

Иако сѐ уште не е утврдено кој стои зад активностите, данската премиерка Мете Фредериксен и новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, изјавија минатата недела дека не може да се исклучи вмешаност на Русија.

Претходно оваа недела, неколку дронови беа забележани во близина на аеродроми и клучна инфраструктура во Копенхаген, поради што најпрометниот аеродром во нордискиот регион беше затворен неколку часа во понеделникот навечер.

НАТО овој месец ја активираше мисијата „Источна стража“ за да ја засили одбраната на источниот фланг на Европа, како реакција на зачестените инциденти со руски дронови во полскиот воздушен простор.

Русија ги негираше обвинувањата дека нејзини дронови или воени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјите членки на НАТО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни