Данска апсолутен првак во ракометот: Германија падна во финалето, Данците се европски шампиони

Данска ја победи Германија со 34:27 во финалето на ЕП 2026 и ја комплетираше тројната круна – олимписка, светска и европска титула.
epa12683685 Denmark's Lasse Andersson in action with Germany's Johannes Golla during the EHF Euro 2026 main round men's handball match between Denmark and Germany at Jyske Bank Boxen in Herning, Denmark, 26 January 2026. EPA/Bo Amstrup DENMARK OUT

Ракометната репрезентација на Данска ја потврди својата апсолутна доминација во светскиот ракомет, откако во финалето на Европското првенство 2026 ја совлада Германија со 34:27 и ја освои титулата шампион на Европа.

Со оваа победа, Данците ја комплетираа тројната круна, откако во своите витрини веќе ги имаат титулите олимписки, светски и европски прваци.

Контрола од почеток до крај

Во текот на првото полувреме, германската селекција само двапати имаше водство, додека Данска најчесто ја контролираше играта и резултатот, стекнувајќи предност и до три гола.

На полувреме, домаќинот во Хернинг замина со предност од 18:16.

Клучниот момент се случи во 48. минута, кога избраниците на селекторот Николај Јакобсен се одлепија на плус четири (26:22), дванаесет минути пред крајот – предност што Германија не успеа да ја надомести.

Германија без решение за Данците

Иако тимот на Алфред Гисласон успеа во еден момент да израмни на 19:19, германските ракометари не најдоа вистински одговор за дисциплинираната и ефикасна игра на Данска.

Најзаслужен за победата беше Симон Питлик, кој постигна осум голови, додека Матијас Гидсел додаде уште седум.

Одличен беше и голманот Кевин Мелер со осум одбрани, додека неговиот колега на голот на Данска запиша седум.

На спротивната страна, ни 14-те одбрани на Андреас Волф не беа доволни за Германија, а по пет голови постигнаа Голе, Кнор и Гргиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни