Даниел Крег сепак нема да стане Наредник Рок

Гледачите, иако се надеваа, сепак, нема да го гледаат Даниел Крег како суперхерој од стрипови во скоро време.
Фото: www.GlynLowe.com from Hamburg, Germany, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Според информациите што ги пренесоа странските медиуми, Крег се откажал од филмот за херојот на DC, Френклин Џон Рок, попознат како наредникот Рок.

Да потсетиме, адаптацијата на стрипот „Sgt. Рок“ би требало да биде еден од филмовите што Џејмс Ган и Питер Сафран, шефовите на DC, планираат да го ревитализираат филмскиот универзум на DC.

Стриповите за Френклин Џон Рок започнаа да се објавуваат во 1959 година и беа создадени од Роберт Канигер и Џо Куберт.

Рок е војник кој се борел во Втората светска војна. Неговиот лик бил толку популарен што се појавувал и во други стрипови на DC, а извесен период дури го предводел и „Suicide Squad“.

Работењето на овој филм требаше да означи уште една соработка помеѓу Даниел Крег и режисерот Лука Гвадањино, кои работеа заедно на филмот Квир.

Холивуд репортер наведува дека причините за повлекувањето на Крег од проектот во моментов се нејасни, а некои тврдат дека распоредот на актерот се меша во обврските на неговата сопруга Рејчел Вајс, што допрва треба да биде официјално потврдено.

DC моментално е во потрага по нови актери кои ќе ја преземат главната улога. Плановите за филмот се придвижуваат, а сценариото го пишува Џастин Курик.

Холивуд репортер објави дека снимањето ќе започне кон средината на оваа година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни