Даниел Крег на церемонијата на доделување навести со неколку криптични зборови дека знае кој ќе го игра новиот Џејмс Бонд.
„Само да расчистиме нешто. Ако дојдовте овде вечерва за да дознаете кој е новиот Бонд, не ме гледајте, но тој можеби е во собата со нас. Само се шегувам… Или можеби не”, рече славниот актер.
Во салата беа некои од имињата за кои се шпекулираше дека се во трка за улогата. Еден од нив е Пол Мескал, ѕвездата на Гладијатор 2 и Харис Дикинсон, кој меѓу другото глумеше и во третиот филм од серијата Кингсмен.
Сепак, интересно е што актерот Арон Тејлор Џонсон не беше присутен на споменатата награда. Фановите него најчесто го споменуваат како „наследник“ на Крег, но зборовите на Даниел навестуваат дека тој повеќе не е во игра.
Крег го играше познатиот агент 007 од 2006 до 2021 година.
Актерот неодамна беше прашан кого сака да го види како новиот Бонд, на што Крег даде изненадувачки одговор. „Не ми е гајле“. Пред две години тој исто така изјави дека воопшто не жали за одлуката да престане да го игра славниот агент бидејќи сака да се дистанцира од него.