Даниел Крег наговести кој би можел да биде новиот Бонд

Британскиот актер Даниел Крег (56) присуствуваше на доделувањето на „Гувернерските награди“, каде се доделуваат почесните Оскари.
Фото: Pixy.org, CC-BY-NC-ND-4.0 / Public Domain

Даниел Крег на церемонијата на доделување навести со неколку криптични зборови дека знае кој ќе го игра новиот Џејмс Бонд.

„Само да расчистиме нешто. Ако дојдовте овде вечерва за да дознаете кој е новиот Бонд, не ме гледајте, но тој можеби е во собата со нас. Само се шегувам… Или можеби не”, рече славниот актер.

Во салата беа некои од имињата за кои се шпекулираше дека се во трка за улогата. Еден од нив е Пол Мескал, ѕвездата на Гладијатор 2 и Харис Дикинсон, кој меѓу другото глумеше и во третиот филм од серијата Кингсмен.

Сепак, интересно е што актерот Арон Тејлор Џонсон не беше присутен на споменатата награда. Фановите него најчесто го споменуваат како „наследник“ на Крег, но зборовите на Даниел навестуваат дека тој повеќе не е во игра.

Крег го играше познатиот агент 007 од 2006 до 2021 година.

Актерот неодамна беше прашан кого сака да го види како новиот Бонд, на што Крег даде изненадувачки одговор. „Не ми е гајле“. Пред две години тој исто така изјави дека воопшто не жали за одлуката да престане да го игра славниот агент бидејќи сака да се дистанцира од него.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни