Неколку српски медиуми утрово излегоа со написи дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа бил киднапиран во Белград.
Според написите на белгадските медиуми, Кајмакоски синоќа околу 20.00 часот во близина на „Бетон хала“ бил киднапиран со своето возило од засега непознати лица кои наводно барале откуп од 20.000 евра.
Киднаперите го врзале Кајмакоски и го возеле до градот Рума, каде сообраќајната полиција се обидела да ги застане, а тие удриле со возилото во банкина по што побегнале.
Засега, освен написите во медиумите нема официјална потврда од институциите или од самиот Кајмакоски во врска со целиот случај.
