Со процесот на стареење, нашето тело поминува низ различни промени, што е сосема нормално. Проретчена коса, промени на кожата или, пак, се појавуваат разни дамки. Многу луѓе во одреден момент доживуваат губење на еластичноста на кожата, што е уште една последица од стареењето. Сепак, постојат начини да ја одржите вашата кожа колку што е можно затегната со советите на нутриционистите кои препорачуваат да вклучите поквалитетна исхрана збогатена со хранливи материи во вашата дневна рутина.
Лекарот и хирургот по естетска дерматологија, Надир Квази, открива како најдобро да се спречи ефектот на „опуштена кожа“ и да се успорат другите знаци на стареење, како и кои витамини се препорачува да се земаат секој ден. Овој експерт верува дека додавањето на витамин А во вашата дневна рутина е одличен начин за подмладување на вашата кожа.
Квази вели дека најдобриот витамин за жените над 50 години што треба да го земаат секој ден за затегнување на кожата и намалување на ефектите е витаминот А, кој „може да се зема орално како додаток или директно да се нанесе на кожата како крем или серум“.
Овој витамин е корисна алатка кога станува збор за анти-стареењето бидејќи е познато дека го стимулира производството на колаген и еластин, кои нормално природно се разградуваат како што старееме.
„Колагенот и еластинот се два протеини кои ја зголемуваат еластичноста, цврстината и затегнатоста на нашата кожа“, објаснува тој. Витаминот А можете да го внесете и преку исхраната: ќе го најдете во спанаќот, компирот и морковот, пренесува Elle.rs.