Далмација гори на 40°C, Сплит бележи најжешка ноќ досега

Хрватска е зафатена од силен топлотен бран кој, според долгорочните прогнози, ќе продолжи најмалку до крајот на неделата.

Денес во 15 часот во Плоче е измерена највисоката температура во земјата – 40,1°C. Поради екстремните температури, издадено е црвено предупредување за регионите Книн, Риека, Сплит и Дубровник, кое ќе биде во сила до петок.

Во Сплит, ноќта меѓу неделата и понеделникот беше историски жешка. Мерната станица на Марјан регистрираше минимална температура од 31,5°C – највисока забележана ноќна температура од почетокот на мерењата во 1948 година. Со тоа е надминат претходниот рекорд од 30,0°C поставен на 6 јули 1988 година.

Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) соопшти дека податоците сè уште се подложни на конечна проверка пред да бидат официјално внесени во базата на мерења.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни